Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека во неговата земја нема да има мобилизација.
Тој рече дека одредени опозициски партии се обидуваат да ја развијат тезата дека е можна мобилизација и во Белорусија, како и во Русија.
– Нема да има мобилизација. Тоа е лага, рече Лукашенко и нагласи дека Белорусија сигурно ќе одговори на можните закани и обиди за терористички акти.