Руската надворешна политика кон Украина е диктирана од каприците на претседателот Владимир Путин, а не од рационално размислување, тврди францускиот претседател Емануел Макрон.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Макрон шпекулира за начинот на размислување на Путин и причините поради кои наредил руските војници да влезат во Украина на крајот на февруари.

– Немам рационално објаснување. Мислам дека ова е низа незадоволства, ова е стратегија на хегемонија во регионот и би рекол дека е последица на изолацијата по Ковид-19, рече Макрон.