Ова произлезе од денешното рочиште на кое тој се соочи со неговиот наследник Мухамед Зеќири како сведок. Тој кажа дека кога се набавува софтвер за друга институција, во случајов МВР, тогаш треба тоа да биде побарано, а потоа да се донесе одлука на Влада.

-Се запознав со софтверот откако се отвори случајот. Во одговорот кој до обвинителството го доставивме преку службите стоеше дека не постои одлука на Влада.

-Дали ви е познато дека се вршени проверки во генералниот секретаријат за ваков вид на софтвер пред да се набави?

-Точно не се сеќавам, мислам дека не беше.-Мухамед Зеќири – Сведок.

По што посочи дека софтверот не бил ставен во функција додека бил генерален секретар.

Обвинителката Трајчева е сигурна дека сведочењето на Зеќири го потврдило обвинението против Рашковски.

-Јас сум сигурна во тоа бидејќи ако ги слушнавте одговорите на сведокот, тој беше дециден дека Генералниот секретаријат не може да утврдува просечна брзина на возила во сообраќајот ниту да изрекува казни. И да не го кажеше тоа сведокот постои Закон за безбедност во сообраќајот во кој точно е појаснето кој може да ги врши тие функции.изјави – Ивана Трајлева – Обвинител во ОЈОГОКК.

Зеќири додаде и дека на владините седници на кои тој присуствувал не се разговарало ниту за софтверот за одредување на просечна брзина во сообраќајот ниту пак за системот за биометриска идентификација на вработените.

Токму околу ваков софтвер одговараше како сведок и ексдиректорот на Дирекцијата за заштита на на лични податоци, Горан Трајковски. Кога Рашковски го набавувал овој софтвер, добил известување во кое му било посочено да се води сметка на законите.

-Во ниту еден субјект кој е работодавец не може со биометрија да се врши евиденција на работно време. Ниту во Генералниот секретаријат, ниту во Македонија, ниту каде било во светот.

-Лажете дека никаде во свет биометриски податоци не се обработуваат поради евидентирање на работно време – му се спротистави Рашковски, на што Трајкоовски одговори дека

-Доколку некој работи во администрација – сигурно не му се обработуваат биометриски податоци.- Горан Трајковски – Сведок.

Судењто против Рашковски за набавката на софтверот и перење пари започна на почетокот на годинава додека Зеќири од домашен притвор е под истрага за сомнителни договори за консултантски услуги без постапка за јавна набавка.