Лидерката на победничката партија на изборите во Италија, „Браќа на Италија, Џорџа Мелони, која се очекува да биде идната италијанска премиерка, изјави дека идната влада ќе ги фокусира своите напори на обидот да го скроти растот на цените на енергијата.
Мелони и се обрати на јавноста на Саемот за земјоделство во Милано, првпат по денот на изборите, кога мнозинството гласови го освои коалицијата на десничарски партии, од кои најголема е нејзината „Браќа на Италија“.
Таа кажа дека идната влада ќе ги фокусира своите напори на обидот да го скроти растечките цени на енергијата.
-Сè уште мислам дека ова е примарна одговорност на новата влада и ние очигледно сме посветени на решавање на тој проблем, рече Мелони.
Лидерката на италијанската десница, која се очекува да биде нова премиерка, за растечката цена на енергијата ги обвини шпекулациите.
Таа кажа дека ќе го брани италијанскиот национален интерес, но истакна дека тоа нема да значи негативен однос кон меѓународните партнери, наведувајќи дека е во „редовен контакт“ со премиерот во заминување Марио Драги.
Претходно Мелони се сретна со коалицискиот партнер и лидер на партијата „Форца Италија“, Силвио Берлускони, со кого меѓу другото разговараше и за итните теми за земјата, како што е цената на енергијата, наведоа двете партии во заедничката изјава.