Македонија нема да има просперитет ако продолжат да ја водат сервилни, лукративни, манипулативни, самобендисани и неуки луѓе кои себе си се нарекуваат политичари, порача претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев во обраќањето по повод Одбележување на Денот на МАНУ.

– Во Македонија повеќе години, прашањата поврзани со владеење на правото, се поврзани со политиката, односно со погрешно решавање на проблемите. Практика која стана пресудна за иднината на државата. Тоа треба еднаш за секогаш да престане. Ваквиот начин на владеење, создаде држава со партиски кадри, кои го погазуваат Уставот, ги погазуваат закони и процедурите. Законите ги толкуваат произволно и во сопствена корист, и институциите сами си земаат за право да одлучуваат дали е нешто уставно или не, рече Коцарев.

Тој им порача на политичарите без интегритет, кои се манипулативни, сервилни и самобендисани, да престанат да се занимаваат со политика, и да им дадат можност на луѓето кои навистина сакаат да работат во интерес на Македонија, народот и државата.