Во германскиот град Франкфурт попладнево се одржа извлекувањето на составот на групите за квалификациите за пласман на Европското фудбалско првенство во 2024 година чиј домаќин ќе биде Германија. Македонската репрезентација се најде во  Ц-групата заедно со Италија, Англија, Украина, Малта.

Во квалификациите ќе настапат 53 репрезентации кои ќе се борат за 23 места на завршниот турнир, а Германија како организатор автоматски избори пласман.

Русија поради суспензијата нема да настапи во евроквалификациите.

Победниците и десетте најдобро второпласирани репрезентации ќе обезбедат директен пласман на ЕУРО 2024, додека преостанатите три места ќе бидат пополнети преку плејоф.

Квалификациите ќе се играат од март до ноември 2023 година.