Јованка КЕПЕСКА

Сведоци сме, особено последните 5-6 години, на непосакувана тенденција на губењето на македонскиот карактер на националниот идентитет. Се одвиваа и се одвиваат внатрешни процеси кои отпочнаа со погрешното толкување на мултиетничоста на општеството, земајќи го како мултиетничност на државата или кратко како за мултиетничка држава. Како претставување на сите етникуми во лицето на државата. Тенденцијата се појави поради погрешно изведените заклучоци според Рамковниот договор дека Албанците треба да бидат искажани во ликот на државата. Во исто време кога според Уставот Македонија е унитарна држава, а каква што беше дефинирана и во Рамковниот договор.

Потаму почнаат да се изведуваат синтагмите со кои Македонија се означува како држава на сите етнички заедници. Во политичката реторика почнаа да се употребуваат синтагми: „сите луѓе“, „сите етникуми“ што говори дека се превидува македонскиот карактер на државата и, се разбира, од што и произлегуваат изведниците какви што се карактеристиките на националните институции, на националната култура како македонска национална култура што се создава следствено во заедничкото живеење на луѓето (без оглед на тоа што културата во меѓудејство има динамичен карактер) како обединувачка, значи, национална. И затоа што, ако постои македонска нација, постои и македонска национална култура. И, и покрај тоа, што терминот етнички заедници е воведен со променетиот Устав, последната деценија и пол, не отстапувајќи од унитарниот карактер на државата.

Сето тоа говори дека унитарноста, иако законски е загарантирана, почнува во политичката практика да биде заобиколувана со пледоаје за некаков нов карактер на македонската држава. Иако до крај, сепак, не може да се каже што е првично а што е последично за промената на карактерот на македонската држава: дали се тоа внатрешните претензии за издејствување на промената на македонската држава или  проблематизирањето на македонската држава е резултат на евентуалната лоша меѓународна проценка за оправданоста на менувањето на македонскиот карактер на нашата држава. Меѓународната заедница или, поточно, САД, во времето на амбасадорувањето на Ф. Рикер, сакајќи да ја искаже мултиетничноста на македонското општество, а од политички причини на релацијата со Албанците во Македонија или, несфаќајќи ја ууштински историската еволуција на создавањето на македонската нација како логичен след на борбата на македонскиот народ, го продицира концептот на Македонија, објаснувајќи и јавно, на собраниската комисија за меѓународни односи, за концептот на Македонија како општество на етнички заедници. И дали со оглед на тоа може да се објасни промената на нашето име со договорот со Грција за да можат и да се операционализираат поставките за искажување на мултиетничкиот карактер на државата Македонија, иако, наизглед, тоа е договор со Грција во однос на третирањето на географската област Македонија поделена помеѓу двете (и други) држави.

Од друга страна, промената на името на нашата држава, дополнително, ги разгори апетитите на разните политички интереси за пресврт на државата во формално збројство на етникуми со што, додатно, се напушта македонскиот карактер на државата и историската и актуелна врска што македонскиот народ  ја има како своја национална посебност. Што создава логично дезориентација за иднината на македонската држава.

Терминот етничка заедница, притоа, е непознат во европските конвенции за етничките малцинства. Во европските конвенции стои матичен народ, делови од народи кои влегле во државата со етнички територии и етнички малцинства.

Согласно на тоа, на пример, во Уставот на Република Хрватска наведено е дека покрај хрватскиот народ живеат и малцинства, не како што кај нас се наведува дека биле наведувани народи. Затоа што историски тоа е хрватска држава која го афирмира хрватскиот карактер на идентитетот на државата во континуитетот на создавањето на државата. А јасно е дека етничките малцинства ги уживаат сите малцински етнички права.

Со Преспанскиот договор, следствено, ние дефинитивно, го изгубивме македонскиот карактер на националниот идентитет. На таков начин ние го изгубивме македонскиот карактер на државата и на националните институции како последица од тоа. Што говори за тоа дека го загубивме политичкиот идентитет како нешто што во националната борба на македонскиот народ станува ретроградно.

И затоа што политиколошкиот научен пристап, при приодот на Преспанскиот договор, изостана.