Министерството за политички систем и односи меѓу заедници очигледно од поодамна ги применува мерките за штедење на владата и за работа од дома.
Како што објави ТВ Алфа, во зградата предвидена за 3 државни институции и околу 180 вработени сега има околу 5 инстиуции, плус деловен простор, а само енигматичното министерство на Артан Груби има 404 вработени.
Засега е непознато како само една од петте инстуции има безмалку двојно повеќе вработени од предвидено за целиот објект.
Зградата изградена во рамки на проектот „Скопје 2014“, од „режимот на Груевски“, а Владата ја откупи за 10 милиони евра од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, по што објектот стана прифатилиште за партиските кадри на ДУИ. Во него иако требаше да се смести антикорупциската комисија, се вселија ново-формирани институции по иницијатива на ДУИ, како ансамблот на албански народни ора и песни, агенцијата за примена на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, инспекторатот за употреба на јазиците и агенцијата за остварување на правата на задениците.
Министерството за политички систем кое Груби го предводи, освен организирање рамковни прослави, рекорди по вработување и трошоци за плати, засега не се пофалиле со ниту еден друг проект или програма.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.