Моето јавување сега во моментот е буквално од причина што ги слушнавме претставниците од Синдикатот кои што јасно кажаа пред цела македонска јавност и пред скопјани, дека скопјани утре од 4:30 повеќе нема да имаат градски превоз – посочи Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град на денешната седница.

Таа додаде:

Иницијативата што денеска ја поднесе советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е токму во оваа насока, граѓаните на Скопје да не останат без градски превоз. Но, бидејќи сега во моментот слушнавме дека тоа ќе се случи утре од 4:30 часот, ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сме подготвени во моментот да се откажеме од сите дискусии кои што беа предвидени сега во моментот, да дадеме пауза ако треба од неколку часа и да побараме од градоначалничката одма денеска уште веднаш да ни ја достави одлуката, ќе седиме колку што е потребно и за да ја изгласаме таа одлука уште вечерва да се префрлат средства на вработените во ЈСП и од утре автобусите да можат слободно да се движат и граѓаните на Скопје да имаат превоз.