Русија не смее да ја загуби војната, одговори хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на предавање пред студентите во Сплит, на кое беше прашан за тоа како го гледа крајот на војната во Украина.
– Русија не смее да ја загуби војната, таа не смее тоа да си го дозволи, има огромна енергија и ресурси да добие војна против било кого. Единствен начин на кој гледам крај на ова агресија е да се промени власта во Русија, рече Милановиќ, пренесува Прес 24.
Друг начин, додаде Милановиќ, е да заврши војната, а да не се промени власта, е со договор меѓу САД и Велика Британија со Русија.
Милановиќ се спротивставува на одлуката на ЕУ на нејзина територија да бидат обучувани војници од Украина. Тој пред неколку дена изјави дека таква обука не доаѓа педвид во Хрватска.