Ирската европратеничка Клер Дејли во Европараламентот остро го нападна високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел кој неодамна изјави дека „Европа е градина, а остатокот од светот е џунгла“.
– Мислам дека е иронично што темата на овогодшниот Mеѓународен ден за „Искоренување на сиромаштијата“ е насловен „Достоинство за сите“, кога практично како што слушнавме пред некој ден, дека Борел му кажува на светот оти „Европа е градина и остатокот од светот е џунгла“, рече Дејли.
Ова, додаде европратеничката Дејли, е сикофантски расизам и ароганција, која е оддалечена милион милји од достоинството!
– Градина? Па, 94,5 милиони луѓе се во опасност од сиромаштија или социјална исклученост – 21,7% од населението на ЕУ. И, ова е тоа што Жосеп Борел го нарекува „градина“? Модел на „социјална кохезија и економски напредок“? Кога сите трендови одат кон поголема нееднаквост, а јазот помеѓу богатите и сиромашните се зголемува. Во меѓувреме, во „џунглата“, како што ја нарекува Борел, е така како што е, токму поради голем дел на политиките водени од Европа и глобалниот капитализам. Не можете да се справите со сиромаштијата без да се справите со фактот дека поголемиот дел од светското богатство е во сопственост и контролирано мал број луѓе, кое го користи за свое збогатување, наместо за потребите на мнозинството, рече Дејли.
Треба, додаде Дејли, да му ставиме крај на неолиберализмот, а луѓето да ги ставиме пред профитот!