Ветив дека ќе направиме сѐ и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза, објави вечерва премиерот Димитар Ковачевски, кој како што наведува по интензивната комуникација со неговата колешка Ана Брнабиќ издејствувал природен гас од Србија.
– Струја, енергенси и храна, мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брнабиќ, официјален Белград реши да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас.
Преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен балкан, но и партнерскиот однос, во време на енергетска криза обезбедуваме поддршка онаму каде највеќе треба, компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.
Од претходно претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека Србија ќе обезбеди гас за Македонија, а како што е познато Белград го увезува од Русија на која Македонија и воведе санкции и отворено и со оружје ја поддржува Украина во руско-украинскиот конфликт.