Режисерот и сценарист Пуриша Ѓорѓевиќ (94) дојде на погребот на српската дива Милена Дравиќ, која беше погребана на Новите гробишта во Алејата на заслужни граѓани, веднаш до нејзиниот сакан Драган Николиќ.
Сценаристот и беше првиот сопруг на Милена Дравиќ. Двајцата се венчаа во 1960 година, а се разведоа по неколку години заеднички живот.
Ѓорѓевиќ во едно интервју призна дека од сите жени најмногу ја сакал Милена Дравиќ.
„Од сите жени што ги познавав и сакав, единствено и сè уште ја сакам Милена Дравиќ“, изјави Ѓорѓевиќ.
На погребот на српската дива, тој дојде со црвена роза во рака, која ја положи на вечната куќа на Милена Дравиќ