На 30.07.2026 во 16:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Лабунишки ливади“, товарно возило „ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Р.П. од Вевчани, излетал од коловозот и се превртел.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.