Денеска во Виена на 78-годишна возраст ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, инаку син на првиот претседател на независна Македонија, Кирo Глигоров.
Владимир Глигоров додипломските и магистерските студии ги завршил во Белград, а докторирал во 1977 година на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Работел на Универзитетот во Белград, а од 1994 година беше дел од тимот на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се занимаваше со Западен Балкан, особено со Србија, Црна Гора и Македонија.
Во своето истражување тој беше особено заинтересиран за долгорочниот раст на земјите во транзиција, макроекономските анализи и финансиските пазари.
Глигоров беше постојан соработник на Oxford Analytics, меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за Wall Street Journal и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа.