Отфрлање на иницијатива која што значи иднина на државата е забивање нож во грб на граѓаните, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Прво и основно, важно е што се започна целата постапка околу преговорите за членство во ЕУ. Тоа се обврски преземени во име на државата, за доброто и просперитетот на граѓаните. Сигурно е дека треба да се отвори широка дебата помеѓу политичките субјекти, парламентарните партии, па и помеѓу граѓаните ако сакате, поради тоа што станува збор за процес кој треба да биде инклузивен и не смее да биде злоупотребуван, за дневно-политички поени или нешто друго. Ако целиот тој процес се отвори, биде транспарентен и инклузивен, секој да разговара, да ги изнесеме аргументите на маса – јас сум сериозен оптимист дека навистина може да дојде до затворање на ова прашање и да продолжи патот на РСМ кон членство во ЕУ, вели Спасовски во објавата на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Заради тоа што, се додава натаму во објавата на Спасовски, нема друга алтернатива.
– Мора да понудиме решение! Но, мора да се има аргументација која ќе се спротивстави на аргументацијата дека земјата мора да стане членка на ЕУ. А не знам која е другата перспектива за државата?! И, кои би биле аргументите зошто тоа не го правиме?! Да се носат одлуки во кои вие ‘анблок“ ќе отфрлите иницијатива која што значи иднина на државата – тоа значи дека ѝ забивате нож во грб и на државата и на граѓаните, вели Спасовски.