Албанскиот народ денес со три држави, а и натаму е без Етничка Албанија, вели писателот, поет и политички аналитичар Каљош Челику, кој живее и работи во Македонија, во неговата колумна со наслов „Народ со три држави и без етничка Албанија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Како што пренесува Експрес, Челику ја означува Македонија како „трета албанска држава“:

– Историскиот, албански народ создаде држави низ светот: Египет, Турција и Југославија (С. Македонија). Но, не стори ништо за себе и натаму се уште не е во единствена албанска етничка држава. Албанскиот народ е распарчен и негови делови има во Србија, Црна Гора и во Босна и Херцеговина (во Санџак). Албанскиот народ сега засега е со две-три држави: Албанија, Косово, С. Македонија. Тоа е народ, кој пред очите на светот и натаму има две-три држави, но се уште нема една албанска етничка држава, пишува Челику.