Албанскиот премиер Еди Рама денеска зборуваше за руското влијание во Албанија, поврзувајќи го со лажните вести во медиумите, како и финансирањето на опозициската Демократска партија.
-Тоа е ситуација во која е потребно големо разбирање на фактите. Не можеме да кажеме: не, нема врска. Згора на тоа, наместо да ги информираме луѓето, да создаваме услови да се договорат за фактите на војната која не напаѓа не со бомби, туку преку енергија и инфлација, ние ја зголемуваме дозата на отров, дезинформации и злоба во однос на јавноста, преку изјави кои се ниски клевети и преку медиумски извештаи кои ги рефлектираат тие видови клевета и ги зголемуваат, рече Рама на собир во градот Ерсек.
Според премиерот, тоа не се случајни нешта, обвинувајќи за директно руско влијание.
-Ова е директно руско влијание во Албанија. Кога го покренавме прашањето за финансирањето на ПД со руски пари, ни рекоа дека тоа е клевета од Еди Рама и Сорос. Но, тоа излезе во извештајот на ЦИА. Приказната за потопувањето на таа партија во вреќи со рубли ниту започна со она што го знаеме и што го знаете, ниту пак заврши со тоа. Тоа е сојуз на рубљи, меѓу тие две партии (ПД на Сали Бериша и ПЛ на Илир Мета) и на кој одекнуваат некои искривени медиумски извештаи кои постојано трујат со најбанални клевети, обвини тој.