Уникатниот случај на жена која преживеала 12 тумори на различни органи ги изненади лекарите, истражувачите и научниците.
Од тие 12, пет биле малигни и агресивни. Таа ги преживеа сите тумори, а истражувачите во Шпанија кои ја следат нејзината состојба велат дека имунолошкиот систем на пациентката е „исклучителен“ за запирање на ракот.
Туморите ги нападнале нејзиниот мозок, грлото на матката и дебелото црево, од кои првиот бил дијагностициран кога била мало девојче. Лекарите се надеваат дека нејзиниот случај може да помогне во лекувањето на ракот и открија дека туморите на жената се предизвикани од тоа што таа наследила специфична генетска мутација од двајцата родители.
Се верува дека таа е единствената личност во светот со генетска необичност што е меч со две острици. Од една страна, има неприродна способност да ги победи канцерогените израстоци, додека од друга страна, ги прави исклучително подложни на регенерирачки тумори.
– Сè уште не разбираме како оваа личност можела да се развие за време на ембрионската фаза, ниту како можела да ги надмине сите овие патологии – рече д-р Маркос Малубрес, кој раководи со шпанскиот национален центар за онколошки истражувања (CNIO) и кој ја објави студијата во научното списание „Science Advances“.
Рак, хемотерапија
Според Мигел Уриосте, коавтор на студијата кој ја водеше Клиничката единица за фамилијарен рак на CNIO до неговото пензионирање во јануари оваа година, рече дека никогаш не бил забележан друг случај како овој.
– Академски не можеме да зборуваме за нов синдром, бидејќи тоа е опис на еден случај, но биолошки е – рече истражувачот Уриосте.
Кога пациентката првпат пристигнала на клиниката, истражувачите земале примерок од крв за да ги анализираат гените кои најчесто се поврзуваат со наследниот рак, но не откриле ништо сомнително. Научниците потоа открија мутации во генот наречен MAD1L1, кој игра суштинска улога во процесот на клеточната делба и пролиферација. Истражувачите се надеваат дека нивните наоди ќе отворат нови опции за третман во иднина.