Уште едно ситнење на СДСМ. Поранешниот заменик министерот за образование, Петар Атанасов заедно со Стевче Стојанов формирале движење „Македонска модерна” и деновиве низ Македонија и основаат ограноци.
На 05.11.2022 (сабота) МАКЕДОНСКА МОДЕРНА имаше јавна промоција во Општина Ново Село, каде беа претставени програмата, идејата и целите на ова ново политичко движење, објави на својот фејсбук профил Петар Атанасов, еден од основачите на „Македонска модерна“.
На промоцијата на движењето говореа двајца од основачите на МАКЕДОНСКА МОДЕРНА, Петар Атанасов и Стевче Стојанов.
МАКЕДОНСКА МОДЕРНА е движење за решавање на социоекономските, општествените и културните проблеми на граѓаните. Ни требаат решенија за модерно општество, за нашите општини кои не функционираат и за нов бран на општествен развој.
Благодарност до присутните за поддршката и за јавно споделените размислувања за состојбите во општеството и за можни решенија за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, напиша Атанасов.
Во меѓувреме, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, своите ограноци ги прошири во повеќе градови низ Македонија. По Куманово и Прилеп, Димитриевски вчера промовираше огранок во Крушево.