Никола ГРУЕВСКИ
Доколку евентуално дојде до промена на уставот во скоро време, предлагам уште еден амадман кој би бил во правец да секој кој ќе ме нападне или обвини, кој ќе измисли некаква афера или ќе ми стави нешто на товар, ќе ме наклевети, ќе се согласи лажно да сведочи во поткрепа на политичките обвиненија, или стане активен и корисен соработник на правосудните органи против мене, независно во која фаза на процесот, независно што зборувал и изјавувал претходно и независно од кои мотиви го прави тоа, да биде целосно ослободен од било какво гонење.
Да не се мачат политичарите, обвинителите, судиите, лицата под политички прогон, затворските институции, контролираните медиуми а и оној дел од јавноста која сеуште не ги разбира работите во смисла што всушност се случува, да биде на чисто.