Тројца членови на Управниот одбор на Македонска навигација (М-НАВ) и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ, објави порталот СДК.

– Меѓу најдобрите 8 се и три момчиња Албанци, едни од највисокорангираните по поени и тестови. Особено едниот од нив „згазил“ на тестирањето. Но, тие не се вистинските што требаше да влезат, велат од Синдикатот на контролори на летање.

Тестирањата и селекцијата ги правел тренинг центар од Данска. Но, откако меѓу тие што ги поминале строгите критериуми не се нашле имињата на „нашите“, особено дека најдобрите три Албанци „се ничии“, раководството на МНАВ се посомневал во компетентноста на Данците. Сега тричлениот одбор бара отчет од Данска зошто отпаднале другите кандидати.

Меѓу тие што отпаднале уште во првиот круг се и три деца на два члена на Управниот одбор: едно на Селмани и две на Крстевски, велат од Синдикатот на контролорите на летање.

Во овој тренинг-центар, патем, се школуваат стотици контролори на летање од Германија, Холандија и од други европски држави. Истиот дански оператор веќе има исшколувано една генерација македонски обласни контролори на летање.

Избраните кандидати требаше да почнат да се школуваат пред 7 дена, но сега процесот е стопиран.

Целиот текст на овој ЛИНК.