Премиерот Димитар Ковачевски денеска побарал решенија за енергетската криза и во Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) каде што имал средба со поглаварот г.г. Стефан.
– Денеска имав чест со Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, да размениме мислења за повеќе актуелни теми, особено за активности по влегувањето на МПЦ-ОА во канонско единство со останатите помесни Православни цркви. На средбата разговаравме и за предизвиците од енергетската криза и за обезбедената поддршка на најранливите категории во овие тешки времиња на економско-енергетска криза, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.
Со Господ напред, и со мерките од Владата на Ковачевски, ќе ја врвиме зимата која е пред нас во услови на енергетска криза.