Денеска во просториите на Женскиот фудбалски клуб Борец беше потпишан Договор за заедничко делување во областа на спортот и меѓународната соработка со Развоен центар за млади од Белград, Република Србија.
Договорот го потпишаа претседателот на клубот Кирил Лазов и Александра Кнежевиќ од Развоен центар за млади од Белград, Република Србија. Целта на Договорот е вклучување на ЖФК Борец во концептот „Животни шампиони“ кој е започнат во 2020 година а се фокусира на улогата на тренерите како едукатори и педагози.