Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ се осврна на лица поврзани со СДСМ кои земаат огромни суми. Според математиката која ја направи неколку лица, односно пет кои се именувани од СДСМ само за еден месец земаат милион и 604 илјади денари од Буџетот.
„Никола Љушев е главен извршен директор на Македонски Телеком од први јули 2018 година неговата плата изнесува 713 илјади денари, повеќе дури и од двајца функционери во М-Нав. Вест од 18 мај 2018 година вели Дојче телеком си заминува од Македонија го продава својот удел во Македонски телеком причината е управување со Македонски телеком каде Дојче телеком поседува 51 процент од акциите, а македонската Влада има удел од 34,81 процент. Според извори во компанијата медиумите јавуваат дека постои несогласувања меѓу клучните партнери во однос на одлучувањето и се наведува дека Владата постојано се меша во носењето одлуки, во кадровска политика на менаџерски позиции и слично. По извесен период од ова Владата го именува Љушев за директор“, рече Стоилковски.
Стоилковски потенцираше дека Буџетот се користи и за хранење на луѓе блиски до СДСМ. Еден од нив е Љупчо Зиков кој е директор во МЕПСО именуван од Влада и зема плата од 80 илјади денари.
„Зиков ги анализира сите актуелности во општеството и ги оправдува политиките на Владата предводена од СДСМ. Дали некој прочитал мислење за актуелните теми поврзани со електроенергетски систем и енергетската криза, јас не сум слушнал“, кажа Стоилковски.
Според него само за пет лица од Буџетот одат милион и 604 илјади денари за еден месец.
„Ова значи дека е вносно да ги браниш ставовите на Владата и тоа се луѓе кои се дел од систем кој ја доведе државата на просјачки стап“, заклучи Стоилковски.
Тој посочи дека аферата „Паразити“ е своевиден продолжеток на аферата „Тајни имоти“ во која објавивме 123 тајни имиња на именувани функционери кои не приложуваа анкетни листови до ДКСК, криејќи имот иако за своето учество во разновидни одбори земаат значителна сума на пари од буџетот на граѓаните, а ДКСК не си ја исполнува основната функција.
– „Паразити“ е слична афера и се однесува на функционери кои ги именува владата. Има акционерски друштва каде има дел или е во сопственост на државата, бидејќи има случаи каде што е помал партнер со странски партнер, а во таква ситуација владата препорачува да бидат избрани нивни функционери. Такви се М-НАВ, како Пошти, Железници, и се именуваат звучни имиња, кои висат по медиумите, бранејќи ги ставовите на власта во поразителните политики, потенцираше Стоилковски.
Стоилковски посочи дека прво од таквите имиња објавено во оваа афера е Фахрудин Хамиди кој владата го препорачала на М-НАВ, а тој е претседател на управниот одбор и извршен директор во СВН во М-НАВ.
– Надоместокот кој тој зема во однос како плата е 345.000 денари, секој месец по основ на плата или тоа се 5.610 евра. Тоа е над 19 минимални плати по 18.000 денари со кои се фали владата. Или гледано со августовска плата 11 просечни плати во Македонија и не заборавајте дека овие 345.000 се тие кои го качуваат просекот за просечната плата. Ако сакаме уште еден пример, за еден месец Хамиди зема колку цела една фирма 10 вработени со просечна плата или со 19 вработени на минималец, истакна Стоилковски.
Тој додаде дека второто име од аферата е Владо Крстевски, неговата плата е 266.000 денари, и ако направиме иста математика 4.325 евра, 15 минимални плати или 8,5 просечни плати или колку уште една фирма од оние мали и средни претпријатија кои едвај врзуваат крај со крај последниве 3-4 години.
– Двајцата месечно тежат околу 10.000 евра, за да ги слушаме скандалите во М-НАВ како треба да биде направен изборот со нови контролори на летање. Ова е скандал како што во една нормална држава, луѓе поставени од владата и управуваат. Не треба да падне само директорот, туку и министерот за транспорт и врски, и оној што предложил во најмала рака. Именувале лица кои се препознаени по огромен скандал, нагласи Стоилковски.