Базиликата Sagrada Familia заштитен знак на Барселона и едно од најпознатите зданија во Шпанија, во следните 10 години на градксите власти ќе мора да имплати 41 милион долари бидејќи објектот се гради веќе 136 години без градежна дозвола, без упис во катастар и во делови излегува од габаритот.
Работите на базиликата споменик кој е под заштита на Унеско, почнаа во 1882 година. Постои само една дозвола од 1882 година од градскиот совет со напомена до архитектот Антонио Гауди да се ангажира за легализација на градбата. Тој тоа не го сторил.
Градоначалничката на Барселона, Ана Колау рече дека конечно е постигнат историски договор за целосно комплетирање на документацијата.
Базиликата ќе мора во следните години да го плати тој износ и тие пари ќе се потрошат на подобрување на јавниот превоз, сообраќајна инфраструктура и на подобар простап до споменикот.