Фатиме Фетаи се откажа да биде шеф на Скопското вишо обвинителство. Преку меил ги известила во Советот на јавни обвинители кои во понеделникот ја одложија седницата за избор на нов главен обвинител во Вишите обвинителства во Скопје и Гостивар. Членовите, тогаш седницата ја започнаа со задоцнување од еден час и половина и ја прекинаа, бидејќи им требало повеќе време за разгледување на оцените на обвинителите – кандидати. Но, од скопското вишо сета документација ја имаа добиено седум дена претходно, па ставот им беше дека сакаат изборот да биде на иста седница.
Иако Фетаи беше највисоко оценета, со 25 бода, таа сака го отстапи столчето или за обвинителот Бурим Рустеми или актуелниот шеф Мустафа Хајрулахи. Сепак, не е сигурно дали Советот ќе го прифати повлекувањето на Фетаи бидејќи освен меилот, истата порака му ја пратила на претседателот Јолевски, кој е зачуден од нејзината постапка. Тој ќе бара официјален документ со потпис или потврда од Фетаи преку телефон.
„Ние имаме само мејл, го добивме од Фатиме Фетаи дека ја повлекува кандидатурата. Побарав да ми потврди само телефонски. Не е начин на мејл, сепак е сериозна работа. Добив и на Вибер порака со принтскрин од мејл. Јас и на седница ќе кажам дека имаме ова и ова.. Ако немаме писмено нешто, може ќе ми речат членовите дека не може да се земе за веродостојно.. Имаме официјална кандидатура, со потпис.. Ќе бараме потврда официјална за повлекување од неа или документ со потпис. Чудно е ова да се случи последен ден пред избори“, вели Јолески за „А1он“.
Ако Советот се согласи со одлуката на Фетаи, во изборот за шеф останува актуeлниот Мустафа Хајрулахи кој со 6 години искуство од скопското Основно обвинителство доби унапредување во Вишото скопско обвинителство во 2018. Токму за него се шпекулира дека ќе си ја задржи позицијата и ќе добие уште еден мандат. Во последните четири години Хајрулахи, јавноста речиси и не го виде, а беше споменуван кога се откри дека Вишото во Скопје го држеше предметот за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ на казни затвор и од ноември 2020 година не и го даваше на Скопска апелација.
Вториот кандидат е вишиот обвинител е Бурим Рустеми кој беше дел од тимот на екс шефицата на СЈО, Катица Јанева. Рустеми ја водеше финансиската истрага за „Поштенска банка“ кој е во фаза на судење, За него, во судските предмети „ТНТ“ и „Топлик“ во низа пати се бараше изземање со тврдење дека против него се води кривична постапка.
Со оглед на тоа дека Советот ја прекина седницата во понеделник, следната ја одложи за седум дена, не засега не е закажана. Освен, во скопското и гостиварското вишо, нов шеф треба да се избере и во обвинителствата во Велес, Битола, Гостивар, Кавадарци и Куманово.