Британски научници тврдат дека морковот може да се користи и за да се направи посилна цементна мешавина, која може да се зајакне со додавање на наночестички од овој и друг коренест зеленчук.
Истражувачите од Британскиот универзитет во Ланкастер користат обичен миксер за храна за да добијат наночестички од влакната на овој здрав зеленчук и велат дека „значително ја подобриле” силата на цементот. Тие истакнуваат дека трошоците биле пониски од вообичаеното, бидејќи тие користеле помала количина цемент, што значи намалување на глобалните емисии на јаглерод диоксид.
Според Меѓународната агенција за енергетика, цементот е одговорен за околу осум проценти од вкупните глобални емисии на CO2.
-Откривме дека новиот материјал може да ја зголеми силата на цементот за 80 отсто и дека е потребна само мала количина, рече шефот на истражувањето, Мохамед Сафи. Наночестички на морков се произведени од страна на CelluComp, компанија со седиште во Шкотска, која се занимава со развојот на обновливи извори на енергија.