Владејачкиот СДСМ и нејзиниот лидер и премиер, Димитар Ковачевски, денеска продолжуваат со „Силно и одлучно кон иднината“ низ источна Македонија.

Говорници на партиските трибини, што владејачката партија ги нарекува граѓански, во Пробиштип е Сања Лукаревска, Перо Костадинов во Свети Николе, Вангел Андрески во Карбинци, а на централната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Штип говорник е премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски и СДСМ во последниве месеци турбо држат трибини како дека „утре ќе има избори“, а Ковачевски вели избори ќе има дури во 2024 година.

Од трибините кои ги одржува Ковачевски и СДСМ низ повеќе градови на Македонија највпечатливи се неговите пофалби и повици до министрите „стани Цаци, да те види сала“ и „стани Благоја… и дајте му поддршка“.