Каде и да пипне опозицијата прави хаос, истакнува владејачкиот СДСМ во денешното соопштение кое подолу го објавуваме во целост:
ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи градската власт во Скопје целосно го заглави главниот град.
Како што претходно 11 години ја заглави државата, така сега го блокира развојот на Град Скопје.
Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ Скопје денес е парализиран град кој не може да ги извршува ниту најосновните функции.
Јавниот превоз е во колапс, приватните превозници штрајкуваат и не возат, а ЈСП тоне во долгови и сето тоа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска.
Нема ниту еден нов проект, а намерно свесно не се продолжуваат проектите наследени од претходната градска власт предводена од СДСМ.
Каде и да пипне ВМРО-ДПМНЕ прави хаос.
Од таквата неспособност и неодговорност на ВМРО-ДПМНЕ најголема штета трпат токму граѓаните на Скопје.
Градоначалничката Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се најголемо разочарување за скопјани.
Центар за односи со јавноста на СДСМ