Американски агенти во септември привеле речиси 17.000 членови на семејства кои се обиделе илегално да ја преминат границата на САД со Мексико. Тоа е зголемување за 31 отсто во однос на претходниот месец, соопштија валстите во САД.
Околу 40 отсто приведени во фискалната 2017 и 2018 година биле деца без придружба или семејства со деца, во споредба со 10 отсто во 2012 година, се вели во статистичките пдоатоци на Институтот за миграциска политика. Од администрацијата на претседателот Доналд Трамп предупредија на зголемување на миграциските семејства како доказ „за гранична криза“ бидејќи за нив е потешко приведувањето од страна на имигрантските службеници и нивна депортација поради заштитата што американски закони им ја даваат на деца на мигранти.
Според властите, американските гранични службеници привеле скоро 397.000 лица на јужната граница во фискалната 2018 година која заврши на 30 септември, што е зголемување во однос на 304.000 приведени во 2017 година.