Лажни се сите денешни дојави за бомби, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје и Кавадарци, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира МВР.

Од Министерството додаваат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки.

Претходно МВР потврди дека дојави за бомби денес преку електронските адреси добиле девет училишта, Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт. Пријава за поставена бомба утринава имало и во едно основно училиште во Кавадарци.