Компаниите и државните и локалните институции кои на нефер начин се префрлија од слободен на регулиран пазар и користеа струја која не е наменета за нив се виновни што државата потроши преку 20 милиони евра за набавка на струја, вели првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски.
Сепак, овој трошок на државните електрани не влегува во трошокот, кој влијае на цената на струјата за домаќинствата, вели Бислимовски, кој тврди дека земјава повеќе нема да троши пари за увоз на струја.
Блок тарифите остануваат и понатаму, а се бара моделот за воведување такви тарифи и за малите компании. Новата цена на струјата ќе се знае на неколку дена пред Нова година. Тогаш ќе завршат тендерите за набавка на ЕВН, но и за загубите при пренос и дистрибуција на струја. Бислимовски како шпекулации ги оценува сите информации за новата цена, се дека трите компании не ги објават барањата.
Првиот енергетски регулатор се пожали дека во јавноста кружеле многу шпекулации и лаги за енергетскиот сектор, па порача – верувајте ни само нам. Тој се пофали дека според Агенцијата на европските регулаторни тела, комисијата на чие чело е била една од најдобрите во Европа, а според нејзиниот извештај, како мешање во работата на Регулаторна е оценето и барањето на Народниот правобранител да се намали надоместокот што граѓаните го плаќаат за пренос и дистрибуција на електричната енергија.