Љупчо ЦВЕТАНАНОВСКИ
Македонските деца пливачи и нивните родители од синоќа го „јадат стапот“ и дождот поради митингот на Таче и СДСС компанија во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Националното првенство во пливање за деца и младинци кое се одвива во базенот „Карпош“ кој е во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ уште од синоќа е „минирано“ од митингот на Ковачевски и неговите социјалдемократи кои вечерва митингуваат во спортската сала која, меѓу другото, во „режимот“ им ја изгради Груевски.
Замислете, уште од синоќа, родителите се принудени да се паркираат по „ѓаволите и морските вештерки“ на стотици метри од местото каде нивните деца треба да пливаат за себе и за Македонија?! И така накиснати и мокри, да дадат се’ од себе?!
Заради глупоштиите на Ќуран и северната му банда.
Еве едно сведоштво на родител: „Многу сум изреволтирана. Замисли национално првенство во пливање во базен во „Борис Трајковски“, а пошто вечер имало митинг во салата, од синоќа (уште од тренинг не’ натераа да го испразниме паркингот) и исто од утрово не ни даваа да влеземе на паркинг, го чуваат за оние што ќе доаѓаат на митинг. Ние сега испаркирани по тротоари, тревници, срамота за државата. На учесниците може и пајак ќе им ги крене колите, ама за политичарите и СДС мора се да биде ослободено“.
И сега, есдеесовци ќе си паркираат и ќе ги слушаат патетитките на Таче, деца пливачи и родители мокри до гола кожа и со мисла дали, не дај Боже, ќе им го дигне пајак возилото ќе се натпреваруваат и ќе бодрат, а Таче ќе прави глупости и ќе тресе зелени.
И зошто сета оваа бламажа? За да Таче може да стане за да го види сала ли?! Резил северен,арам…