Македонците од Пиринска Македонија бараат во Благоевград да се прогласи Ден на бегалците бидејќи, како што велат, таму живеат голем број потомци на бегалци од Вардарска и Егејска Македонија.
– Благоевград треба да има Ден на бегалците. Во Благоевград живеат илјадници потомци на бегалците од Егејска и Вардарска Македонија кои избегале за време на војните. Предлагам во Културниот календар на општина Благоевград да има Ден на бегалците и тој да се одбележува секоја година, објави на Фејсбук Атанас Кирјаков, член на ОМО Илинден – Пирин.
Преммиерот Димитар Ковачевски најави дека Владата ќе отвори македонски културен клуб во овој град, откако беа отворени неколку бугарски во Македонија, но досега ветувањето не е реализирано.