Во девет училишта во Скопје попладнево се упатени закани за поставена експлозивна направа, а досега е утврдено дека поголемиот број дојави се лажни, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
Подоцна МВР извести дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од девет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.