Потпретседателот на движењето Беса, Фатмир Лимани преку Фејсбук најави дека ќе пишува и открива „вистини и криминали за бизнисот со Лотарија и казината“.

Со наслов „Казината и молзењето на луѓето”, Лимани на фејсбук Али Ахмети го именува по неговиот прекар Абаз Џука, па вели:

– Поранешниот патриот Абаз Џука, барал и добил директор на македонска ЛОТАРИЈА, за да молзе и да краде албански семејства!
– Зошто не доби ниту една дирекција, за економски развој за да ги вработи младите на државата, туку се избори да стане даночник на бенефиции од КАЗИНА!?
– Асистентот на Артан Груби станува директор на Македонска лотарија, а што добиваат, а што губат Албанците со ова!?
– Колку месечни поволности се собираат во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ нашата држава?!
*ПС: Во наредните денови ќе се занимаваме со проблематиката на коцкање, казина, лотарии…

Според Лимани, лиценците за казина ги издаваат директорот на Лотарија и министерот за финансии, а двете позиции сега и припаѓаат на ДУИ.