На листата на најбогати во регионот што ја објавува српскиот „Недељник„ покрај Илија Гечев кој е во првите 20 со проценето богатство од 1,4 милијарди евра и Живко Мукаетов со Алкалоид кој вреди околу 655 милиони и се најде на 35-то место, свое место зазеде и Андреа Јосифовски со Макпетрол. Според листата, тој е на 45 место по богатство во регионот со проценета вредност од 565 милиони евра.
Целата листа може да се види во двобројот на Недељник, а редакцијата сукцесивно објавува делови од листата.