Конгресмените во САд во првиот круг не успеаја да изберат претседател на Претставничкиот дом на Конгресот – нешто што се случува за првпат по 100 години во Домот.
Кревкото републиканско мнозинство го номинираше Кевин Мекарти за претседател, но не ги доби потребните 218 гласови, иако републиканците таму имаат 222 конгресмени. Некои поддржувачи на Доналд Трамп во редовите на републиканците не го поддржаа Мекарти.
Сега претстојат нови гласања додека не се избере претседател.
Беа поднесени вкупно три апликации. Покрај Мекарти, републиканците го номинираа и Ендрју Бигс. И демократите го номинираа Хаким Џефрис.