Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Уште од изутрина во сите цркви на Македонската православна црква-Охридска архиепископија изутринава се одржуваа божикни литургии.

Централното одбележување беше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде богослужеше архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.

Во фоторепортажата на МИА може да се види дека голем број верници, граѓани, но и политичари дојдоа на литургијата.