Скопје и денеска е меѓу десетте најзагадени градови во светот.
Во 11:34 часот Скопје се најде на шестото место во светот според индексот на квалитетот на воздухот, кој изнесува 179 и е нездрав.
Според податоците на платформата IQAir, присутно е високо ниво на ПМ2,5 честички во Скопје кои се особено опасни по здравјето и се канцерогени. Нивната концентрација во моментов е 22 пати поголема од препораките на СЗО.
Најзагаден и најопасен воздух е измерен кај Ректорат (182), Центар (179), Гази Баба (179), Карпош (179), Лисиче (175).