Шестмина загинаа, а едно лице се смета за исчезнато во поплавите во Краснодарскиот регион на југот на Русија, соопштија денеска локалните власти. Во непогодата се поплавени повеќе од 2.300 домови.
Реките се излеаја од коритата откако во тој регион во текот на неделата наврна дожд еднаков на двомесечен просек, јави ДПА.
Поплавите погодија околу 30 населени места, се наведува во соопштение на Министерството за вонредни состојби.
Поројните дождови посебно го погодија градот Сочи, кој во 2014 година беше домаќин на Зимските олимписки игри.
Во напорите за спасување и укажување помош се вклучени повеќе од 1.400 лица, прецизира Министерството.
Сојузните истражители отвориле случаи на кривично небрежност во смртта на еден постар маж и жена за кои се верувало дека починале поради поплавите.