Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле денеска доаѓа од Приштина во Белград, каде што ќе разговара со највисоките претставници на Србија.
Шоле најпрвин на работен ручек ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа одделно ќе се сретне со премиерката Ана Брнабиќ и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Една од темите на разговор ќе биде и продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, вклучително и француско-германскиот план за Косово, што ЕУ го усвои.
Најавено е дека Шоле со официјални лица во Белград ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција, напредокот на Србија на европскиот пат и нејзината улога во зајакнувањето на регионалниот мир и безбедност.