Фондот за деца на Обединети нации (УНИЦЕФ) денеска повторно ги повика Русија и Украина да ги почитуваат обврските од меѓународното хуманитарно право, особено во однос на „заштитата на децата и цивилната инфраструктура“.

– Игралиште. Плажа. Семеен дом. Децата имаат право да бидат безбедни таму каде што живеат и играат, каде и да се, соопшти УНИЦЕФ.

УНИЦЕФ наведе дека вчера при украински воздушен напад врз едно игралиште загина едно девојче, а три деца беа убиените во нападот врз плажа во Краснодарската област.

Додека во руските напади врз Украина во изминатите седум дена загинаа најмалку шест деца, а повредени се 19.

– Мора да престанат нападите во кои се убиваат и повредуваат деца, истакна УНИЦЕФ. (МИА)