Златниот ретривер Рајли од Лос Анџелес смислил одличен начин како да ги наговори луѓето да си играат со него.  Тој секое утро се наведнува преку ѕидот и намерно го фрла своето тениско топче на тротоарот. Сите кои проаѓаат покрај него, го гледаат како тој тажно виси и го гледа топчето на бетонот и без двоумење му го фрлаат назад.

Многу снимки беа објавени на интернет од ова преслатко куче, кое многу сака да си игра, впрочем како и другите кучиња.