Холандија го доби дуелот со Аргентина (29:19) и со победа го отвори настапот на ракометно Светско првенство кое започна вчера.
Дуелот од групата во кој настапува Македонија беше одлучен уште на почетокот на вториот дел, а Холанѓаните до крајот само ја зголемуваа предноста.
Фаворитот имаше плус три на полувреме (14:11), а на почетокот на второто полувреме стигна и до плус седум, откажувајќи го јужноамериканскиот состав.
Смитс со 7 и Шаген со 6 голови беа најефикасни во холандскиот состав, а посебно расположен беше и голманот Равенсбергер. Кај Аргентина најдобар поединец беше Паркер со 5 погодоци.
Холандија ќе биде втор противник на Македонија, која вечерва во истата група дебитира на мундијалот со дуел со првиот фаворит Норвешка.