Затворот во Македонија постои само за оние коишто немаат врска со власта, СДС, организираниот криминал и корупцијата! Овозможувањето на ладнокрвен убиец да избега од затвор уште еднаш ја потврдува оваа теза! Рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Последното бегство на затвореник, ладнокрвен убиец, се случува со насилство, пукање, ранети полицајци, и веројатно неминовно во дослух со затворските служби. Командир на смената на затворската полиција, којшто и претходно има досие за поткупливост, е човек близок на СДС! И тоа е факт! Толку близок што на фотографија со генералниот секретар на СДС, Миле Зечевиќ, пред неколку недели порачува „со шефот до крај“.
Ова е таа фотографија!
Со оглед на оваа фотографија и оваа порака, Миле Зечевиќ мора да ја објасни пораката, за каков крај пишува командирот на затворската смена? Дали и што било договарано пред да настане оваа фотографија и пред да биде напишана оваа порака? Дали спектакуларното бегство било дел од некаква планирана стратегија? Дали е ова цената за враќањето на докажано поткуплив службеник на работа и неговото поставување на позицијата во затворската полиција? И последно, но можеби најважно, зошто, кои се мотивите за вакво организирано бегство во веројатен дослух со член на СДС верен како што вели „со шефот до крај“? Дали бегството е договорено со СДС? Праша Стоилковски.