Секој државјанин на Бугарија е добредојден да ги посети културните и историските споменици, но притоа но не смее да ги навредува граѓаните на РС Македонија и да го негира постоењето македонскиот народ, истакна Бујар Османи, министерот за надворешни работи во интервју за бугарската телевизија БТВ.

Во вчерашното гостување во бугарската телевизија запрашан дали државјаните на Бугарија ќе бидат безбедни доколку дојдат да положат цвеќе во црквата Св. Спас по повод годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев на 4 февруари, Османи истакна дека РС Македонија е отворена за сите туристи кои сакаат да ги посетат културните и историските знаменитости на државата.

– Добив една информација дека државјаните на Бугарија се едни од државјаните кои најмногу ја посетуваат РС Македонија во туристички цели тоа значи дека има политика на државата да биде отворена за секој граѓанин и на Бугарија. Меѓутоа тоа што го кажав денеска доколку било кој дојде во РС Македонија и ги навреди граѓаните во РС Македонија и го негира постоењето на цел еден народ верувајте ќе мора да го адресираме тоа прашање и да го кажеме дека тоа ќе биде последното доаѓање во РС Македонија. Секој граѓанин на Бугарија е добредојден во РС Македонија да ги посети сите историски и културни споменици, но ве молам да внимаваме на достоинството на граѓаните на народите коишто живеат на РС Македонија и да се почитуваме еден со друг, рече Османи.

При посетата на Софија министерот Османи, заедно со својот бугарски колега Николај Милков, вчера го посетија нападнатиот македонски државјанин од Охрид, Христијан Пендиков кој е и секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид.