Датумот на предвремените парламентарни избори ќе биде 2 април, најави денеска бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија.
Шефот на бугарската држава претходно денеска го прифати вратениот неисполнет трет мандат од претставниците на „БСП за Бугарија“, по што тој експресно одржа средба со раководството на Централната изборна комисија (ЦИК).
-Организирањето на претстојните парламентарни избори мора да гарантира правичност и транспарентност на гласот и правата на граѓаните, истакна претседателот Радев на средбата во ЦИК.
Претседателката на ЦИК, Камелија Нејкова, денеска пред пратениците во Народното собрание кажа дека ЦИК е подготвена да ги организира изборите на 2 април.