Вилијам МИХАЈЛОВСКИ-ГАЈДА

Јас Вилијам Михајловски еден од осудените за настаните на 27 април, односно осуден според чл.313 за ТЕРОРИСТИЧКО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК од КЗ на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА јавно кажувам дека амнестија не барам и не сакам да бидам амнестиран за членот 313 од КЗ.

Доколку ЈО за организиран криминал има докази дека ТЕРОРИСТИЧКИ сум го загрозил уставниот поредок со моето влегување во Собранието на Република Македонија, во кое влегоа уште 5000 луѓе, слободно можете јавно да ги објавите и судовите нека судат, но да знаете нема само Македонија судии има меѓународни судови на кои оставам да одлучат дали ТЕРОРИСТИЧКИ сум го загрозил уставниот поредок.

Доколку амнестијата е со цел да потпишам дека сум го сторил делото и ме амнестираат за ТЕРОРИЗАМ тоа НИКОГАШ нема да го потпишам.

Јас тврдам дека во ниту еден момент не сум имал умисла и во ниту еден момент не сум го ТЕРОРИСТИЧКИ ЗАГРОЗИЛ УСТАВНИОТ ПОРЕДОК на Р.Македонија.

НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОСТАНУВА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА ТЕРОРИСТИЧКИ СУМ ГО ЗАГРОЗИЛ УСТАВНИОТ ПОРЕДОК.

Јас 6-та година лежам за тој член 313 и сеуште не сум појден ниту на викенд, ниту користам некаква погодност поради тој чл.313. Затоа останувам да лежам и преку правни алатки ќе оставам тие од ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ да докажуваат дека ТЕРОРИСТИЧКИ сум го загрозил уставниот поредок.

ПОВТОРУВАМ УШТЕ ЕДНАШ, ДОКОЛКУ ЦЕЛТА Е ДА НИ ДАДАТ АМНЕСТИЈА ЗА ТЕРОРИСТИЧКО ЗАГРОЗУВАЊЕ, НЕ ФАЛА НЕ МИ ТРЕБА АМНЕСТИЈА ЗА НЕШТО ШТО НЕ СУМ СТОРИЛ.

НЕ СЕ ПЛАШАМ ОД ОВИЕ СУДОВИ И ОБВИНИТЕЛИ АМА ИЧ, зашто ОВДЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ Е КОРУМПИРАНО. ЕПА ГОСПОДО СУДИИ ЈАС НЕ СУМ БИЛ ДРЖАВЕН ФУНКЦИОНЕР ДА ИМАМ ПАРИ ДА ПОДМИТУВАМ.

НАЈБИТНО МИ Е ПРЕД БОЖЈИОТ СУД ДА БИДАМ ЧИСТ, БОГ Е ТОЈ ШТО МОЖЕ ДА МИ СУДИ.

МОЕ БАРАЊЕ МОЖЕ САМО ДА ГЛАСИ ДЕКА БАРАМ ПРАВЕДНО СУДЕЊЕ, А НЕ АМНЕСТИЈА!